Осигурување на моторни возила
Осигурувањето на моторните возила може да биде задолжително и доброволно. Задолжително осигурување е во согласност со законот за осигурување и ја покрива Вашата одговорност према трети лица и новниот имот. Доброволното осигурување се однесува на заштитата на Вашето моторно возило од евентуални несреќни случаи како и дополнителна заштита на возачот и патниците во возилото.
Задолжителни осигурувања
Осигурување од автоодговорност
Без ова осигурување не е можно да извршите регистрација на Вашето возило. Со ова осигурување ја осигурувате Вашата одговорност за надомест на материјални и нематеријални штети предизвикани на трети лица причинети со употреба на Вашето возило.
Зелен картон
При патување надвор од Република Македонија со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен Картон, кое, всушност е територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност во сите европски земји членки на системот Зелен Картон.
Гранично Осигурување
Граничното Осигурување е задолжително за сите странски моторни возила кои не поседуваат задолжително осигурување од автоодговорност кое е важечко за сообраќај во Република Македонија.
Каско осигурување
Каско осигурување на моторни возила претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите на сопственото возило независно од причината и виновникот.
Во колку е склучено осигурување со франшиза постои можност за откуп на франшиза кај осигурувањето на стаклата на возилото. Ова значи дека штетата направена на стаклата ќе биде исплатена во целост.
Потполно каско осигурување
Со поптполно Каско осигурување се добива комплетна финансиска сигурност при користиње на возилото, со оглед дека ги опфаќа следните осигурени ризици : сообраќајна незгода, како превртување, судар, удар, урнување и слично: паѓање на предмет врз возилото или удар од некој предмет; пожар; ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство; експлозија ( освен експлозија од нуклеарна енергија), бура; град; снежна лавина; поплава;порој и високи води; паѓање на воздушни летала;манифестации и демонстрации; злонамерни постапки на трети лица; кражба; противправно одземање на возило и разбојништво.
Освен возилото со потполно Каско осигурување може да се осигура и дополнителната опрема на возилото како радио систем, приклучни уреди, прибор, резервни делови, рекламни натписи.
Потполно каско осигурување ( пример )
Потполно каско осигурување за патнички моторни возила со вклучен ризик кражба, противправно одземање на возилото и разбојништво со или без учество на осигуреникот во штета/франшиза.
Франшиза/квалитет | Без вклучен ризиккражба | Со вклучен ризик кражба |
---|---|---|
Без франшиза | 190€ | 284€ |
200€ | 130€ | 194€ |
300€ | 105€ | 158€ |
400€ | 89€ | 134€ |
500€ | 73€ | 109€ |
Делумно каско
Осигирување без склучен ризик кражба
Делумното каско осигурување без вклучен ризик кражба ги вклучува сите погоре наведени ризци освен ризикот од кражба, противправно одземање на возилото или разбојништво.
Осигурување на стакла
При склучување на полиса за Автоодговорност може да се склучи и делумно Каско осигурување на стакло од кршење.
Осигурување на возила за време на мирување
Делумното Каско осигурување на возила за време на мирување вклучува сите погоре наведени ризици освен ризикот од сообраќајна незгода, како превртување, судир, удар, урнување и слично.
Незгода во моторони возила
Патници во јавен превоз
Задолжително осигурување на патници во јавен превоз од последици на несреќен случај- незгода. Осигурени се сите лица, патници во возилото без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на живот.
Осигурување од Автонезгода
Ова осигурување се договара во пакет со осигурување од Автоодговорнсот. Притоа возачот и сопатниците се осигурани во случај на:
- Смрт поради незгода
- Инвалидитет поради незгода
GPS услуги
Глобален позиционен систем (GPS) се употребува за просторно следење на вашите возила во реално време.GPS уредот ви овозможува прецизно да ги добивате следните информации преку SMS пораки за вашите возила:
- Историјат на траекторијата на движење на возилото според повеќе параметри
- При пречекорување одредена брзина
- Доколку возилото учествува во сообраќајна незгода
- Доколку возилото ја напушти дозволената територија на движење
- Доколку се исечени каблите кои го поврзуваат уредот со возилото
- При нагли кочења или пречекорувања на брзината
- Кога истекува лекарското и возачката на возачот – известува во систем
- Кога возилото доспева на сервис – известува во систем
Придобивките од користењето на GPS уредот во вашиот возен парк се следниве:
- Зголемена ефикасност и искористување
- Подобрени перформански кај возачите
- Намалување на трошоците при вршење на транспортот
- Намален ризик од кражба