Животно осигурување

Со инвестирање во животно осигурување ги акумулирате вложените средства, а истовремено обезбедувате финансиска сигурност при евентуален несреќен случај, траен инвалитет или загуба на живот.

За сигурна и удобна иднина, UNIQA Life Македонија креираше специјална програма за животно осигурување, која Ви нуди долгорочно штедење и безбедност за Вас и Вашето семејство.

ФУТУРА – Детство и Иднина

Никој неможе со сигурност да ја предвиди иднината на детето, но Вие уште сега можете да направите таа иднина да биде поубава и полесна. Новата програма за животно осигурување на деца, може да биде одговор на било кое од прашањата кои се јавуваат секојдневно и единствен подарок кој со истекот на времето ја зголемува својата вредност.

Кој може да се осигура?

Полисата може да се склучи од моментот на раѓање на детето па се до навршени 13 години живот.

На кој начин може да се искористи осигурената сума?
  • Еднократно (со навршување на 18 години) – по истекот на осигурувањето, ја добивате осигурената сума на која ѝ се додава и остварената добивка
  • Ануитетно – во вид на месечнаили годишна рента која може да се исплаќа во наредните 4 до 7 години (стипендија за школување) на која ѝ се додава и остварената добивка
  • Еднократно за венчање ( најдоцна до навршување на 25 години) – доколку осигуреникот стапи во брак од навршување на 18 до 25 години, договорената осигурена сума на која ѝ се додава и остварената добивка, ќе биде исплатена кога осигурениот случај брак ќе се склучи.
ФУТУРА ( пример)

Во табелата се направени пресметки за машко и женско дете со возрас ( пристапна старост ) 3,5,8 години за период до навршени 18 години за годишна премија 600 €, 1.200 € и 2.000 €.

По навршени 18 години договорената осигурена сума зголемена за остварената добивка се исплаќа на една од следните начини:

  • еднократно – со навршување на 18 години – 9.764 €
  • на еднакви ануитети – во вид на стипендија со траење од:
    1. 4 години ............. 2,586 €
    2. 5 години ............. 2,109 €
    3. 6 години ............. 1,791 €
    4. 7 години ............. 1,564 €
  • еднократно во случај на венчање – најдоцна до навршување на 25 та година .............12,849 €
Годишна премија Пристипна старост (години) Осигурена сума
Машко женско
600 € 3 9,762 € 9,764 €
5 8,302 € 8,302 €
8 6,195 € 6,196 €
1,200 € 3 19,524 € 19,528 €
5 16,605 € 16,605 €
8 12,390 € 12,393 €
10 32,540 € 32,547 €
2,000 € 20 27,674 € 27,675 €
30 20,650 € 20,665 €

За женско дете со пристапна старост 3 години и годишна премија од 600€ осигурената сума е 9,764 €.

ЖИВОТ ПЛУС –Инвестиција и добивка

Со изборот на полисата ЖИВОТ ПЛУС која по своите карактеристики е единствена на нашиот пазар, можете да изберете премија која е најсоодветна на Вашите потреби и Вашите можности и финансиски ќе се обезбедите себеси и Вашите наследници.

Оваа полиса Ви овозможува на едноставен и флексибилен начин, со динамика на вложување која најмногу Ви одговара, да создадете солиден капитал кој подоцна ќе можете да го користите како пензија или да го подигнете одеднаш зголемен за добивката.

Кој и како може да се осигура?

Со полисата Живот Плус на UNIQA Life Македонија можат да се осигураат сите здрави лица на возраст од 15 до 55 години, а осигурувањето може да се договори во времетраење од 10 до 30 години.

Во рамки на полисата на животно осигурување, се нуди дополнителна можност за осигурување на лица од последици на несреќен случај-незгода како и дневен надомест за болнички денови.

ЖИВОТ ПЛУС (пример)
  • Машко/женско со пристапна старост 30 години, траење на осигурувањето 10,20,30 години
Годишна премија Траење на осигурувањето (години) Осигурена сума
маж жена
600 € 10 6,163 € 6,182 €
20 13,336 € 13,476 €
30 20,587 € 21,231 €
1,200 € 10 12,325 € 12,364 €
20 26,672 € 26,951 €
30 41,175 € 42,461 €
  • Машко/женско со пристапна старост 35 години, траење на осигурувањето 10,20,30 години
Годишна премија Траење на осигурувањето (години) Осигурена сума
маж жена
600 € 10 6,145€ 6,168€
20 13,126€ 13,348€
30 19,694€ 20,690€
1,200 € 10 12,289€ 12,336€
20 26,251€ 26,695€
30 39,388€ 41,379€
Credit Life

Заштитете го Вашиот капитал од последица на несреќен случај, обезбедете сигурност на отплата и заштитете го Вашето семејство.

За време на отплата на кредит можат да се случат непредвидени ситуации кои можат да ја загрозат финансиската стабилност на корисникот на кредитот и неговото семејство.За такви ситуации UNIQA Life Македонија Ви ја нуди полисата CREDIT LIFE – осигурување на животот на кредитокорисниците.

Со полисата CREDIT LIFE можат да се осигураат сите здрави лица на возраст од 18 до 65 години.

Полисата CREDIT LIFE е поврзана со периодот на исплата на кредитот.

Максимално осигурената сума може да биде до 1,500,000 € или еквивалентна вредност во други валути, освен ако поинаку не е договорено.

Лојалност

Со изборот на полисата ЛОЈАЛНОСТ се овозможува финансиска заштита на лојални вработени и нивните наследници.

Договорувач на осигурувањето е правно лице кое има обврска за плаќање на премијата за осигурување. Осигуреник е лице со заснован редовен работен однос на неопределено време кај Договорувачот.

Во случај кога осигуреникот, вработен кај Договорувачот на осигурувањето, своеволно го откаже договорот за вработување во период на важењето на полисата за осигурување на живот, полисата за осигурување на живот престанува да важи. Дотогаш уплатената премија за осигурување на живот се пренесува како авансно плаќање за иден периодна нов осигуреник, вработен кај Договорувачот на осигурувањето.

Во случај кога Договорувачот на осигурувањето го откаже договорот за вработување на осигуреникот, писмено го известува Осигурувачот за:

  • Капитализација на полисата или
  • Престанување на полисата за осигурување.
Back to top